Три нови турски компании во „Бунарџик“

Bez autora
Apr 06 2013

Во зоната „Бунарџик“ крај Скопје ќе бидат изградени три објекти за медицинска техника, а инвеститори се турски компании. Инвестициите биле најавени во Анкара, за време на средбата на претставници на компаниите со директорот за Агенцијата, Висар Фида. Станува збор за компанијата „Матек“, која ќе инвестира околу 15 милиони евра и ќе вработи околу 200 лица, компанијата „Истем медикал“, која планира да инвестира околу 20 милиони евра и да вработи околу 250 лица, и компанијата „Тотал“, која исто така планира да инвестира околу 15 милиони евра и да вработи околу 250 луѓе. Од компаниите велат дека одлуката за инвестирање во Македонија ја донеле откако се запознале со условите кои ги нуди нашата земја.

Три нови турски компании во „Бунарџик“Во зоната „Бунарџик“ крај Скопје ќе бидат изградени три објекти за медицинска техника, а инвеститори се турски компании, соопштија вчера од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.

Инвестициите биле најавени во Анкара, за време на средбата на претставници на компаниите со директорот за Агенцијата, Висар Фида.

„Станува збор за компанијата ’Матек‘, која ќе инвестира околу 15 милиони евра и ќе вработи околу 200 лица, компанијата ’Истем медикал‘, која планира да инвестира околу 20 милиони евра и да вработи околу 250 лица, и компанијата ’Тотал‘, која исто така планира да инвестира околу 15 милиони евра и да вработи околу 250 луѓе“, изјави Фида.

Од компаниите велат дека одлуката за инвестирање во Македонија ја донеле откако се запознале со условите кои ги нуди нашата земја.

„Имавме можност да се запознаеме со можностите кои ги нуди Владата на Македонија за инвестирање во земјата и видовме дека се подобри од Турција и затоа решивме да инвестираме во Македонија”, изјави претставник на компанијата „Истем медикал“.

Компаниите „Тотал“ и „Матек“, исто така, ќе инвестираат во Македонија благодарејќи на добро понудените услови за инвестирање.

„Веруваме дека за кратко време ќе ја реализираме инвестицијата во Македонија и ќе постигнеме голем успех“, изјави директорот на компанијата „Тотал“.

Компаниите заедно се очекува да инвестираат околу 50 милиони евра во земјата. Ќе се отворат над 600 нови работни места од кои 350 ќе се реализираат во првата година од работењето на трите компании.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik